На денешен ден пред точно 18 години, на 22 јануари 2001 година, со рачен ракетен фрлач и автоматско оружје беше нападната полициската станица Теарце во близина на Тетово. Настанот се смета како почеток на војната во 2001 година. Во нападот загинува полицаецот МОМИР СТОЈАНОВСКИ († 30), а тројца беа ранети. Наредниот ден, одговорноста за нападот ја преземаа терористите од УЧК: „Униформата на македонскиот освојувач ќе биде напаѓана додека не се ослободи албанскиот народ“, се велеше во комуникето. Да се потсетиме сите на ликот и делото на Момир Стојановски.
Момир Стојановски (Добровница, Крива Паланка, 1970 – Теарце, Тетовско, 22 јануари 2001) бил македонски бранител, припадник на СВР Крива Паланка, учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Загинал на 22 јануари 2001 при минофрлачки напад на полициската станица Теарце, извршена од страна на терористите на ОНА. Момир Стојановски е првата жртва во воениот конфликт во Македонија, 2001 година. Израсна во дивините на кривопаланачкото село Добровница. Момир откако завршил средно училиште успешно го посетрувал курсот за полицајци.
Од 1993 година Момир работел во полициската станица Теарце. Учеше и се посвети на униформата и одговорната полициска служба. Го помнат како вредно и скромно момче од сиромашно семејство. Погребан е на гробиштата во кривопаланечкото село Добровница. Стојановски постхумно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р. Македонија.
ВЕЧНА МУ СЛАВА И ФАЛА