Македонија на Македонците е идеал на македонските патриоти и револуционери во борбата против Отоманското Царство за слобода, човекови права и создавање на самостојна македонска држава. Со текот на времето овие зборови станале неразделен дел од македонското националноослободително движење и неразделен дел од неговиот идеал и стремеж.
Мотото има неколку варијанти:
Македонија за Македонија, Македонија на Македонците и Македонија за Македонците.
Особено овие зборови ќе имаат одглас во меѓународната јавност по говорот на англискиот политичар и тогашен премиер Вилијам Гладстон во однос на Македонското прашање и неговото решавање.