Извор: Тодор Петров
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
Денот на семакедонските и сесловенски просветители, Денот на семакедонската и сесловенска култура и писменост, Денот на солунските браќа Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј Македонците!
ЧЕСТИТКИ ЗА ДЕНОТ НА СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИТЕ РАМНОАПОСТОЛИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ МАКЕДОНЦИТЕ!
23 мај 2020 година, Охрид, Македонија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на сите Македонци по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и во татковината им го честита 24 Мај – Денот на семакедонските и сесловенски просветители, Денот на семакедонската и сесловенска култура и писменост, Денот на солунските браќа Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј Македонците!
Македонскиот јазик е македонскиот свет, границите на македонскиот јазик се границите на македонскиот свет, каде што е јазикот таму и татковината е со нас!
И како што во свое време, зборувајќи за својата мисија, Светиот Рамоапостолен Кирил вели, дека да се учи без азбука и без книги е исто како да се пишува беседа на вода, така и Македонците се вечно благодарни на нивната мисија со која ни овозможија нам и на сите народи на Истокот во Европа да го спознаат словото Божјо, сами да ја создаваат и пренесуваат својата култура и традиција, самите да ја запишат сопствената историја!
Македонците им благодарат на светите солунски и македонски браќа Кирил и Методиј за описменувањето и образованието како основни универзални и европски вредности, како и на сите кои по нив го продолжија нивното дело.
Писмени односно словени и од Бога благословени, со почит кон Македонскиот јазик, писмо и култура, остануваме достојни на делото кое го продолжуваме во Македонија и од Охрид кон сите народи на Истокот во Европа!
Нека е вечно нивното име и нека ни е за многу години Македонци, големиот државен празник посветен на солунските браќа Светите Рамноапостоли Кирил и Методиј Македонците!