Конечно го гледав „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ со фамозните тројца гости Ivica Bocevski, #VladimirMilcin и Branko Geroski
Тројцата сигурно се спрегнати од некоја амбасада со цел да покажат дека без разлика на разликите, различните мислења и минатите грешки кои секој поединечно ги има направено на штета на државата и Македонскиот народ, обедунување на грѓаните, односно на народот на Македонија е преку потребно. Македонија не може да има граѓански концепт затоа што не постои Македонска етничка заедница туку постои Македонски народ. Ова треба јасно да им биде на сите кои и сакаат добро на Македонија и Македонскиот народ.
Драган во врска со прогласот изјави дека многу критики имало и позитивни и негативни. И пазете сега тие кои биле поекстремни најмногу се возбудиле а тие кои биле поблиску до „нормалноста„ биле повнимателни. Што значи „нормалност“? Дали нормалност значи прифаќање на северџанистан и тоа дека нема веќе Македонски народ туку ние Македонците сме граѓани со коса црта? За ова Dragan Milosavljevic ќе треба да даде појаснување.
За Милчин да се бидело интелектуалец значело да се реагира. Нејсе! Ако е така Милчин е најголемата глуперда во Македонија бидејќи кога се прифаќаше Тиранската платформа, која наводно не постои, а ниту еден не смее збор да каже против, го немаше никаде. Го немаше ни кога се потпишуваа договорите со Бугарија и Грција. Го немаше во името на парите кои ги земаше од Сорос и во името на евро-атланските интеграции.
Дури и беше предводник на Шарената проституција. Повторно и ако треба милион пати ќе го напишам во името на парите на Сорос и во името на евро-атланската интеграција. И сега како да се обединиме со Милчин? Зарем мисли дека Македонскиот народ има мозок голем колку една чавка и ќе му прости? Е нема Милчине, нема простување, а со тоа нема ни обединување. Се додека не седнеш на обвинителна клупа и не одговараш за велепредавство обеднување со проститутка како тебе нема. Ти, како Македонски државјанин изврши предавство во името на демократијата.
Го предаде својот народ. Зарем повторно мислиш дека ќе поминеш без никаква одговорност само затоа што си се разбудил едно утро и си решил повторно да го лажеш народот и да глумиш Македонец? Што би рекол твојот миленик Црепот „ Ево ти га на!“ Ти треба да бидеш прогласен за дрѓавен непријател и да бидеш соодветно осуден. Толку со тебе, не смееш ни во планина со пушка во рака да одиш! Си ја изгуби и довербата (ако некогаш си ја имал) и интегритетот ако некогаш си го поседувал и професионалниот кредибилитет (ако некогаш си бил почитуван како професор). Со тебе е свршен чин. Затвор и ништо друго!
Бранко Героски посебна сага сама за себе. Човеков не само што е предавник и нема никакво достоинство, ни кредибилитеи ниту интегритет туку уште се шалтова од тв во тв и држи некој баланс помеќу комуњарите и прогресивните ѓоа патриоти на ВМРО ДПМНЕ. Наместо да се скрие откако беше натурен со боја на сред Скопје овој како пелцован од срам да е уште ги прави будали Македонците и изиграва патриот. Ало Геро, Македонците имаат меморија како слон. Можеби порано простувале и заборавале но овие млади генерации ниту имаат намера да простат ниту да заборават. Заедно со другар ти Милчин во една ќелија и таму правете договори како да го спасите северџанистан колку сакате. Идризово не ви бега велепредавници!
Ивица Боцевски колку партии има сменето до сега? Овој Боцевски не беше тој што го спасуваше Милчин во Латинска Америка? И од тогаш сигурно Милчин му должи живот на Боцевски и така си станаа добри пријатели и наместо политички ривали сега се политички сојузници.
Туку да се потсетиме што изјави Боцески на 12 јануари 2019:
– Во 21 часот упати честитка до премиерот и граѓаните за промената на името и уставните промени.
– Повторно се обраќа во 23:30 часот: „Се извинувам, но во овие два и пол часа го сменив своето мислење и сметам дека ова е предавство на Република Македонија и вековните идеали“ рече тој во последното синоќешно обраќање.
– Потоа следното утро околу 10:40 часот тој повторно упати честитка велејќи дека ова е единствениот начин да се откочат евро-интегративните процеси и Македонија да тргне напред.
Што очекувате од ваква личност која нема јасен став по името на државата? Македонскиот народ него го смета за велепредавник. Нема понатаму размислување, затвор и за тебе а не обединување со тебе.
Сите тројца „интелектуалци“ потрошија цел час и нешто и никако не спомнаа:
– насилната промена на името
– 27 април
– нелегалната влада
– уставобранителите
– насилната промена на уставот
– вадењето на преамбулата на АСНОМ од уставот
– неуспешниот референдум од 30 септември
– пописот со врзан потпис
– гласање на нов нелегален премиер во собрание
и еден куп други нелегални активности кои ги направи нелегалната влада на северџанистан со поддршка на конструктивната опозиција ВМРО ДПМНЕ заедно со албанските партии кои пак се велепредавници пар екселанс.
Ниту еден од тројцава не ја застапува волјата на Македонскиот народ. Ниту еден! Нека каже барем еден зошто е потребно обединување со нив вакви „ угледни интелектуалци“, кои би те предале и продале уште на првата кривина?
Се извинувам ама се додека ваквата штетна клиентала не заврши пред судија и не биде соодветно казнета нема никакво обедуинување ниту пак прогрес.
Никогаш северна, само МАКЕДОНИЈА!
Македонија на Македонците, ВЕЧНА!
Извор: Билјана Антоска Стојанов