Зборот УСТАВОБРАНИТЕЛИ
Речник на македонските табу-теми
УСТАВОБРАНИТЕЛИ УСТАВОБРАНИТЕЛИ е Најстрашниот, Најзастрашувачкиот поим и Ноќна мора за ушите на бедната велепредавничка, големоалбанска и криминална братија на националниот злосторник Зоран Заев, и на неговите лигави политички кадии и сервилни извршители на едно срамно, тешко, само во најцрните тоталитарни системи видено правно насилство.
Македонија денес е единствената и недвосмислено последна држава во цивилизираниот дел на светот во чии зандани гнијат невини луѓе, македонски политички затвореници, осудени на 211 години политички затвор.
УСТАВОБРАНИТЕЛИ
Зборот УСТАВОБРАНИТЕЛИ во овие трагични години на најцрната заевската диктатура и безобѕирно газење на сѐ што е македонско е израснат во вистински македонски национален симбол на непоколебливата Човештина, на Храброста и на непоматено Достоинство на обичниот македонски човек. Во сите идни речници на македонскиот јазик зборот Уставобранители ќе се пишува со голема буква.
Зборот УСТАВОБРАНИТЕЛИ крваво и болно е искован на трагичната македонска заевска велепредавничка политичката наковална, и токму оттука, од Македонија, во сите идни времиња ќе биде наведуван во светските учебници по политички науки како пример за тоа како се брани и како со срце, со душа и со ум се сака и се чува Татковината, и тоа со високо крената глава и со свесна саможртва.
УСТАВОБРАНИТЕЛИ е поим што како моќен рефлектор ја осветлува и ја посведочува најкобната, глупава внатреполитичка грешка што, со апсењето и осудувањето на носителите на таа наша сјајна национална круна –
УСТАВОБРАНИТЕЛИ
УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, ја направи уличарскиот сталино-фашистички политички дилетант Зоран Заев во својата безобѕирна насилничка агресија врз македонскиот народ, зашто тие, гледајќи го право в очи сето мрачно заевско зло, му кажаа НЕ, и му покажаа дека воопшто не му се плашат, ниту го признаваат неговиот политички суд на продадени души, велепредавници и злосторници кон својот народ.
На чело на УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ, на оние што решително се кренаа против вистинските терористи во Македонија, стои денес едно значајно име – ЈАНЕ ЧЕНТО, дете на македонскиот слободарски дух, момче однегувано врз славната традиција на личниот и национален македонски непокор на неговиот голем, незаборавен дедо, трагичниот македонски херој МЕТОДИЈА АНТОНОВ – ЧЕНТО, име што не може туку така да се избрише од најсветите места во асномската македонска историја, од македонскиот ум и од македонското срце, само со најобични ганстерски методи, безочни уцени и застрашувања, кои се, всушност, единствените ретардирани политички алатки на примитивецот Зоран Заев.
– Сиот македонски народ стои зад својот слободарски национален симбол – УСТВОБРАНИТЕЛИТЕ!
– Сиот македонски народ енергично бара итно, неодложно и БЕЗУСЛОВНО ОСЛОБОДУВАЊЕ на ЈАНЕ ЧЕНТО и на сите УСТАВОБРАНИТЕЛИ, и безусловно поништување на беспредметните, незаконски решенија и осуди врз основа на инсценираните политички процеси на корумпираниот, послушнички, диктаторски, заевски идеолошко-политички и партизиран суд!
– Околу овие барања нема пазарење!
СЛОБОДА ВЕДНАШ ЗА ЈАНЕ ЧЕНТО!
СЛОБОДА ВЕДНАШ ЗА СИТЕ МАКЕДОНСКИ УСТАВОБРАНИТЕЛИ!
Извор: Алдо Климан