Тодор Петров: АЛХЕМИЈА ЏАМБАСКИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА…

Пишува Тодор Петров

АЛХЕМИЈА: ЏАМБАСКИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА…

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов, во видеоконференцијата на неговиот Фејсбук-профил на тема “Геополитика и транспортни коридори на Балканот“, не кажа ништо ново, освен излитената софиска фраза за незживеаната романса по руската креација Санстефанска Бугарија од 1878 година, која никогаш во историјата не постоела, дека “Македонија е бугарска, Македонците се бугари, а Македонскиот е дијалект на бугарскиот јазик!“

АЛХЕМИЈА: ЏАМБАСКИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА…

Се разбира, вистината е сосема спротивна. Колку повеќе врескаат дека Македонците се Бугари, толку повеќе се самоспознаваат, дека Бугарите во основа се Македонци!Дури истото метафорички и иреверзибилно: Бугарија е македонска, Бугарите се Македонци, а бугарскиот е дијалект на Македонскиот јазик!

И, бидејќи повторувањето е мајка на знаењето, потсетувањето: Во Бугарија има се’ само Бугари не, бидејќи основата и на Бугарија е Македонија, а основата на бугарската како политичка нација е Македонскиот етнос!

Другата приказна е: Бугарите Татари, Татарстан Протобугарија и Казан, се’ до Кина и Монголија…

АЛХЕМИЈА: ЏАМБАСКИ ВО ЗЕМЈАТА НА ЧУДАТА…

И, се разбира, илузијата за неизживеаната романса на Софија за руската креација Санстефанска Бугарија после руско-турската војна 1877-1878 година, која никогаш во историјата НЕ ПОСТОЕЛА, само три месеци на хартија од 3 март до 13 јули 1878 година, до Берлинскиот конгрес, на кој се ревидираат две третини од Санстефанскиот мировен договор помеѓу Руската Империја и Отоманската Империја. Во Берлин било решено Бугарија да се простира на територијата која се наоѓа само северно од Стара Планина (Северниот дел од денешна Република Бугарија), Бугарија добила статус на вазално кнежевство во рамките на Отоманското Царство…

Патем, свежи се сеќавањата на полицискиот соработник Божидар Димитров за кој Бугарите се вампири, и изјавите на бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, според која Бугарите се Турци насилно покрстени од Русите за да заборават на своите корени.

Да не набројуваме… за египетската царица Клеопатра Бугарката и за Господ Бог Исус Христ Бугаринот…

Енигма е и црната дупка од речиси двеста години дисконтинуитет во историјата на Бугарија меѓу “првото“ и “второто бугарско царство“.

Демек, дојдоа Татарите и за двеста години се претопија во домородното мнозинство од кого се покрстија и описменија. Е, како сега да кажиш дека Македонскиот јазик е дијалект на новокомпонираниот бугарски литературен јазик како производ на бугарската современа политичка нација?! Самите тврдат дека нема Буагрин без македонски корени! На крајот на краиштата, не е дилемата дали Македонците во светот се Бугари, туку има ли Бугарин во Бугарија без македонски корени?

Во таа алхемија дека Македонците се Бугари, повеќе не веруваат ниту во Бугарија

со години тоа станува трајно минато свршено време. За очекување се реакциите на давеник, најмногу викат и мрдат кога знаат дека им се ближи крајот, бидејќи немаат дно да стапнат и тогаш да може цел свет да го повлечат, сите со нив ќе ги однесат. Такви се фаците од типот на Андреј Ковачев, Ангел Џамбаски, Красимир Каракачанов, Божидар Димитров и софиските врховисти во Македонија кои тихуваат во своите дувла, небаре Господ им слетал на гости, а наместо него искомоплексирани и фрустрирани морони!

Патем, што да се каже за бугарските царски династии со првиот германски цар на Бугарија

Фердинанд Сакс-Кобург-Готски (на германски: Ferdinand Maximilian Karl Leopold Maria von Saxe-Coburg und Gotha) роден на 26 февруари 1861 година во Виена (Австрија), умрен на 10 септември 1948 година во Кобург (Германија), кој бил кнез на Бугарија од 1887 до 1908 и цар на Бугарија од 1908 до 1918 година. Интересни ќе бидат родословните стебла на германските царски династии во Софија со хановите од Далечниот Исток?

И на такви будалетинки да им ја продавате македонската историја заради софиското вето за членство во ЕУ и НАТО, како што тоа го прават Зоран Заев и Никола Димитров со глумци од опозиција е лудост!

И покрај се’ и после се’, овој кошмар од Муртино ќе заврши

бидејќи ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ… Потоа, Бардовци или Идризово, секому според заслугите.И уште нешто, членовите на комисијата Заев-Борисов за ревизија на македонската историја нека запаметат: Или ќе си поднесат неотповиклива оставка од работата на оваа лакрдија, или ќе седнат пред лицето на правдата, бидејќи што и да договорат ќе биде искинато и отфрлено, таа нова политичка историја нема да се предава во школите на државата Македонија!

Џамбаски и сличните нему ќе останат тоа по што народот ги памти, џамбаз по турски е циркузант, а такви циркузанти слушаме и гледаме кога сакаме да се изнасмееме! Привидна е енигмата дали Заев е огледало на Џамбаски или Џамбаски е огледало на Заев, како и да ги свртиш, заедничкиот именител и содржател по француски ЕУ-стандарди им е шарлатани!

Како и да е, на Бугарите, оние одродените по опашките на хановите од Блискиот, Далечниот и Најдалечниот Исток, треба да им помогнеме! Македонија е потсвеста за македонските корени на Бугарите!Што и да се каже, каква и да е верата по фалсификуваната бугарска историја, Македонското постоење не зависи од бугарското признание, како што ни бугарското постоење не зависи од македонското признание. Или ќе соработуваме или светот не завшува пред портите на Скопје и Софија.

И покрај се’ и после се’, независно што е постаро кокошката или јајцето

потребно е историско македонско-бугарско помирување и договор за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и Бугарија, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: взаемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и реципроцитет во меѓусебните односи!

За Македонците прифатливи се Бугарите како политичка нација со културна идентификација… Ферментацијата сама ќе ги донесе до максимата In vino est veritas – Во Македонија е вистината за Бугарија и Бугарите!