12 ноември 2020 година, Торонто, Канада – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) со индигнација го отфрла изборот на Слободан Близнаковски, член на ВМРО-Народна партија, за директор на Агенцијата за иселеништво.
Со одлука донесена на 18-та седница на Владата одржана на 9 ноември 2020 година, за кого Македонците се Бугари, а тој се чувствува како Бугарин од Македонија.
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Истовремено, СМК со индигнација го отфрла изборот на Измит Нура, член на ДУИ, заменик директор на Агенцијата за иселеништво со одлука донесена на 14-та седница на Владата одржана на 22 октомври 2020 година, поранешен командант на ОНА и косовски државјанин.
Поради скандалозното барање до вработените во Агенцијата за иселеништво да ги “тргнат од канцелариите на Агенцијата сите национални и верски артефакти“, што предизвика гнев и кај вработените во Агенцијата за иселеништво.
Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, ги прекинуваат врските со Агенцијата за иселеништво на неопределено време, поради антимакедонските определби на избраните лица кои ја раководат оваа институција на власта во државата Македонија!
Човек кој се смета за Бугарин, не може во името на државата Македонија да ги одржува врските со Македонците по род во светот!
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ
Човек кој се борел против државата Македонија, не може да ги одржува врските со Македонците по род во светот!
Македонците во светот сметаат дека Владата на Зоран Заев со изборот на Слободан Близнаковски за директор на Агенцијата за иселеништво за кого Македонците се Бугари според мислењата на Красимир Каракачанов од соседна Бугарија, и на Измит Нура за заменик директор на Агенцијата за иселеништво, ги продолжува антимакедонските политики кон Македонците во соседните земји на државата Македонија и во светот! СМК потсетува дека:
СМК потсетува дека:
(1) Владата на СДСМ со Привремената согласност Црвенковски-Папуљас потпишана на 13 септември 1995 година (“Службен весник на Република Македонија – меѓународни договори “ број 48/1995), се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во соседните земји на државата Македонија;
(2) Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Заедничката декларација Георгиевски-Костов потпишана на 22 февруари 1999 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Бугарија;
(3) Владата на СДСМ по барање на ДУИ со измените на Законот за државјанство донесен во Собранието на 22 јануари 2004 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 8/2004) го избриша правото на македонско државјанство за Македонците по род во светот;
(4) Владата на ВМРО-ДПМНЕ по барање на СДСМ, со изменувањата и дополнувањата на Изборниот законик донесени во Собранието на 9 ноември 2015 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 196/2015) ги укина трите изборни единици за македонските државјани во светот во една изборна единица, и утврди дискриминаторски праг за избор на пратеник од седмата изборна единица доколку листата на кандидати за пратеници освоила најмалку онолкав број на гласови со кои што е избран пратеник со најмал број на гласови во изборните единици во Република Македонија на последните парламентарни избори;
(5) Владата на СДСМ со Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Република Бугарија;
(6) Владата на СДСМ со Спогодбата Димитров-Коѕиас од 27 јуни 2018 година се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците во Хеленската Република;
(7) Владата на СДСМ апстинира од демарш до Владата во Тирана по прифаќањето на ултиматумот од Софија за признавање на непостоечко бугарско малцинство во Албанија со Законот за заштита на националните малцинства донесен во 2017 година, а во местата каде традиционално и автохтоно живеат Македонците по род;
(8) Собранието со владиното мнозинство на СДСМ и 8 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со амандманот 36 на Уставот и членот 2 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од 33 до 36 на Уставот на Република Македонија донесени на седницата одржана на 11 јануари 2019 година (“Службен весник на Република Македонија“ број 6/2019) се откажа од грижата за положбата и правата на Македонците по род во соседните земји на државата Македонија!
СВЕТСКИ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС
МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ ГИ ПРЕКИНУВААТ ВРСКИТЕ СО АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО
12 ноември 2020…
Gepostet von Todor Petrov am Mittwoch, 11. November 2020
Извор: Тодор Петров