Кога МАКЕДОНЕЦОТ е нападнат од диви фалсификатори

Кога МАКЕДОНЕЦОТ е нападнат од диви фалсификатори, кои секојдневно посегнуваат да му ја украдат и фалсификуваат историјата и сакаат да му го пресечат стариот корен како еден од најстарите балкански народи, и кога фалсификување и крадењето трае не со години, не со децении, ТУКУ СО ВЕКОВИ, тогаш МАКЕДОНЕЦОТ е должен со факти, со аргументи, да ја разобличи лажната пропаганда и фалсификатите на оние кои се обидуваат да го уништат и да го избришаат како идентитет, како битие, како Македонец.

А сега малку за фалсификаторите

КОИ СЕ БУГАРИТЕ И КАКВО ИМ Е ПОТЕКЛОТО?

Бугарите се народ кој потекнува од прабугарски турко-татарски племиња, кои од пределите на Кавказ и долината на реката Волга ( од тука и името Волгари а подоцна Болгари) се доселуваат на Балканот во 7 век, а нивниот водач – татаринот Хан Аспарух е првиот бугарски владетел кој од 679 до 681 година ја основа првата бугарска држава на Балканот, позната како Дунавска Бугарија.

Во 7 век Бугарите воопшто не го познавале старословенскиот јазик, туку зборувале на својот прабугарски (татарски) јазик.

Бугарите зборувале на прабугарски јазик се до 9 век.

Врховниот бог на кој му се поклонувале Бугарите бил Тангра, а нивната религија е позната како Тангризам.

Тангра бил врховен бог и на Хуните, Монголите и Алтајците

Тангра бил врховен бог и на Хуните, Монголите и Алтајците

Се до 9 век сите бугарски владетели ја носеле титулата Хан (карактеристична за Татарите и Монголите).

Во период од 2-3 века откако ќе се доселат на Балканот, ќе дојде до мешање на Бугарите со античките Тракијци и со еден дел словенско население (неколку словенски племиња) кое живеело на територијата на денешна Бугарија.

И дури тогаш ( во 9 век) Бугарите ќе го примат христијанството и старословенскиот јазик, ќе почнат да ги менуваат своите татарски лични имиња со словенски. Но тие ќе го задржат своето татарско национално име – Бугари и татарското знаме (бело-зелено-црвена боја).

Истото знаме во иста боја (бело-зелено-црвено) денес е национално знаме на Татарите од Република Татарстан. Првиот бугарски владетел кој ќе го прими христијанството и христијанската титула кнез е Борис Први, дури во 9 век – (864 година).

Тоа се фактите.

Тоа се фактите

А денес гледаме како Бугарите се обидуваат да ја крадат македонската историја, како се обидуваат да ги претстават Кирил и Методиј како Бугари, и како сакаат да го скријат своето татарско потекло.

Најтрагично од се е што Бугарите се обидуваат да го крадат и македонскиот јазик и да го претстават како некаков старобугарски јазик.

Доволно е да се погледне нивното татарско име – Бугари, и да се види нивното татарско знаме (бело-зелено-црвено), и станува јасно кои се Бугарите и какво е нивното потекло. Од татарското име, знаме и потекло, за Бугарите бегање нема. Затоа Македонците никогаш не биле и нема да бидат Бугари.

Извор: ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН