Проф.Д-р Игор ЈАНЕВ: ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е КРИВИЧНО ДЕЛО КУЛТУРОЦИД И ЕТНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И НАЦИЈА, И ТРЕБА ВЕДНАШ И БЕЗУСЛОВНО ЕДНОСТРАНО ДА СЕ РАСКИНЕ!

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас

од 17 јуни 2018 годинa се руши државноста и суверенитетот на Македонската држава и се деноминира Македонската нација!

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас Македонската нација се брише и се заменува.

Со трајната геноцидна референца “Северна Македонија“, која имплицира непостоечка –

“Северномакедонска“ (вештачка) нација, која меѓу другото нема ниту малцинства во соседните држави!

Со Спогодбата Димитров-Коѕиас “Република Македонија“

веќе не постои, како што не постои ниту Македонија! “Република Македонија“ се заменува со вештачката деноминација на несуверен субјект “Република Северна Македонија“. Кому националноста е избришана и рестриктивно лимитирана и забранета!

Правото на државотворен Македонски народ е грубо ускратено, со Преспанскиот договор се врши директна негација на постоењето на Македонската нација!

Правото на националност на Македонците е флагрантно ускратено и нелегално одземено, со мерки на етноцид вградени во Преспанскиот договор.

Обидот за инсталација на вештачкиот “национален идентитет“ претставува културен геноцид и едно од најтешките дела против меѓународниот правен поредок!

Лек за оваа разврска и нецивилизациска состојба е еднострано раскинување на Преспанскиот договор. Со дипломатска нота до Грција за раскинување на Преспанскиот договор и известување за ова раскинување до Обединетите Нации!

Во согласност со членот 20 став 9, Преспанскиот договор е “вечен“. Односно неотповиклив, а во идентитетскиот дел не може да се врши ревизија или репреговарање, односно е непроменлив.

Како неотповиклив и непроменлив, Преспанскиот договор може само еднострано да се раскине со дипломатската нота за раскинување!

Основа за едностраното раскинување е:

Договорот е нелегален и државата Македонија има суверено право да склучува и да раскинува меѓународни договори!

Поаѓајки од фактот дека Преспанскиот договор претставува културен геноцид, односно форма на геноцид, Македонија има право и должност да го раскине Преспанскиот договор, бидејќи не може да ги толерира правните последици од геноцидниот Договор, односно геноцидната состојба која произлегла од Договорот.

Должност на новата власт е да ги елиминира актите спротивни на меѓународното кривично право. Во случајов културоцид, како акт од кривично правна природа и актите на општото меѓународно право.

Со што се крши меѓународниот правен поредок, односно принципот на суверена еднаквост на државите. Посебно правната еднаквост и немешање во внатрешните работи.

Во согласност со членот 13 став 3, Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година може да се раскине, отказниот рок е една година, по една година од нотификацијата односно известувањето договорот престанува да важи! 

Пишува: Проф.Д-р Игор ЈАНЕВ