Современата македонска азбука е донесена со решение на народната влада на Федерална Македонија, подоцна преименувана во Народна Република Република. Азбуката е донесена на 3 мај 1945 година, кога воедно се вовел и правописот на македонскиот јазик. Владата ја прифатила азбуката на 5 мај 1945 година и прогласот бил објавен во весникот „Нова Македонија“, бидејќи во тој период овој весник се користел и за владини акти. Службениот весник е основан нешто подоцна. Интересен факт за азбуката е дека има мала разлика во однос на редоследот на буквите споредена со современата.
Македонскиот јазик користи кирилична азбука која има долга вековна историја. Развојот на денешната македонска азбука датира уште од појавата на глаголицата, па со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем.
Од Википедија — слободната енциклопедија(Пренасочено од Развојот на македонската азбука)