Извор: Гоце Панговски
Денеска ви спремив еден специјален поздрав за тие што сте изненадени и затечени од сегашново бугарско негирање и посегање по македонскиот јазик.
Ако си мислевте дека тоа е од сега, или дека последниве небулози искажани од страна на безмалку сите официјални и неофицијални лица во Бугарија (претседател, премиер, министри, пратеници, лингвисти, историчари, новинари, итн.) за тоа како нашиот македонски јазик наводно бил „западнобугарски дијалект“ зачинет со србизми;
Или дека тоа е појава што од бугарска страна доаѓа само во деценииве после осамостојувањето на Македонија.Или си мислите дека ова е можеби започнато во времето кога Бугарија практично беше сателит на СССР, владеена од Тодор Живков; или дека можеби со ова се почнало во времето на Втората светска војна кога Бугарија беше верна слугинка на Хитлер и окупира дел на Македонија; ќе мора да ве разочарам.
Бугарското негирање и посегање по нашиот македонскиот јазик и лагите и небулозите дека тој е божемно некаков западнобугарски дијалект измешан со српскиот јазик е појава која трае повеќе од 170 години.
Да, добро прочитавте, бугарскиве глупости за и околу македонскиот јазик се случуваат повеќе од век и половина!…….Читај понатаму..